Услуги и Цени

Квалитетот на нашите услуги се должи на строго избраниот квалитетен стоматолошки персонал , како и на технологијата што нашата ординација ја поседува .


Конзервативни и Орално - Хируршки услуги

Пломбирање на заб - 500 денари

Вадење на заб - 500 денари

Протетски Услуги

Вештачка коронка ( Chromasit ) - 25 Евра
Вештачка коронка ( Porcelan ) - 50 Евра
Класична Тотална протеза - 100 Евра
Класична Парцијална протеза - 100 Евра
Парцијална Визил Протеза - 200 Евра

Пародонтолошки услуги

Чистење на забен камен и полирање - 500 денари

Ортодонтски услуги

На нашите најмлади пациенти им овозможивме соработка со врвни ортодонти од Македонија , се со цел протезите за исправање на заби да бидат со најдобар квалитет .
Ве молиме контактирајте ја нашата ординација за повеке информации .

Специјална можност за нашите пациенти !!

Стоматолошки услуги со плави картони

Стоматолошката Ординација “Дуки-Лек“ со цел за подобра и поблиска соработка со своите пациенти склучи договор со Фондот за Здравствено осигурување на Македонија.

Овој договор овозможува нашите пациенти да можат и во нашата ординација да ги користат бенефициите на плавите картони како што тоа се прави во сите државни стоматолошки амбуланти . Плавите картони можат да се користат само за услуги од областа на Конзервативната , Орално-Хируршката и Пародонтолошката Стоматологија ( пломбирање , вадење заби , чистење на забен камен ...) , но не и за Протетски услуги .

Цените се исти како и во сите државни амбуланти .

Поради ограниченоста на пациенти со плави картони кои можеме да ги примиме во текот на еден месец ( поради правилата утврдени од страна на Фондот и Министерството ) , Ве молиме однапред да го закажете терминот за посета со плави картони на нашиот телефон :

( 02 ) - 36-74-94
.

Работно време за пациенти со плави картони е :

Секој работен ден , од понеделник до петок
на утро од 8 до 12 часот , и попладне од 16 до 20 часот .

Ве очекуваме .......

Сите услуги извршени на нашите пациенти се евидентираат преку специјален компјутерски програм, се со цел да бидеме во тек со целиот дентален статус на пациентите од временски аспект , со што се подобрува квалитетот на нашата работа .

Начин на плаќање :

Во готово
На три рати со чекови за протетските услуги
Со "Dinners" картица

Со "Master" картица